Македонија
21. January 2021 - 21:17

Дали и кај нас има ,,сексуални предатори‘‘ - што велат експертите?

Професорот и сопственик на училиште за глума во Србија, Мирослав Мика Алескиќ заврши во притвор под обвинение дека извршил силување, сексуално злоставување и вознемирување врз малолетни ученички. Случајот го обелодени позната актерка од Србија која јавно проговори низ каков пекол поминала. Нејзиното сведоштво охрабри уште 20 други девојки кои биле жртви на популарниот режисер, голем дел побарале да останат анонимни. Стравот од осуда во општеството била главна пречка да си признаат себеси, а потоа и пред институциите за она што им се случувало. Веста за случајот одекна како бомба во медиумите ширум Балканот. Актерките кои биле жртви на професорот наидоа на силна поддршка, но и на навреди и осуда. Во Македонија се уште се молчи за сексуалното вознемирување. Експертите оценуваат дека се работи за хомобалкански синдром на лепење етикети во кој е резултат на едно традиционално општество.

Психологот Мирјана Јовановска Стојановска смета дека главна пречка за да се пријави случај на силување е токму гласот на тие кои ги осудуваат жртвите кој е многу посилен отколку на оние кои им даваат поддршка. 

Речиси секогаш насилникот е лице кое ужива доверба од жртвата каков што е и примерот со професорот од Србија. Токму и ова е главната причина поради која се молчи. 

12 проценти од извршеното анкетирање кај студентки одговориле дека биле сексуално вознемирувани и злоупотребени, но ниту една од нив не го пријавила насилството. 

Медиумите имаат огромна улога во општеството во борбата против секој вид на насилство. Но пред се клучна е улогата на семејството и училиштето.

На социјалните медиуми се појави и видео на кое се слуша како професорот навредува второоделенци со погрдни зборови.