Македонија
14. May 2021 - 19:48

Дали е отворена границата со Грција и под какви услови ќе се преминува?

Македонските граѓани повторно може да патуваат во Грција. Засега границата се минува само преку преминот Богородица - Евзони. Но, за да може некој да оствари влез кај јужниот сосед мора да исполнува и одредени услови. За протоколот и потребните документи заедно со одлуката за отворање на границата биле известени и македонските погранични служби. 

„Влез нашите државјани ќе може да остварат доколку имаат пополнето 24 часа претходно ПЛФ електронска најава за влез во Република Грција. Второ, треба да имаат валиден ПЦР тест не постар од 72 часа, или сертификат за извршено вакцинирање со поминати 14в дена од второ вакцинирање. Деца над 5 годишна возраст подлежат на ПЦР тест, значи им е потребен ПЦР тест“, вели Јасмина Аврамска - Комадир на ГП Богородица.

Според моменталните правила граничниот премин Евзони за влез во Грција ќе работи од 6 часот наутро до 22 навечер по македонско време.

„Првиот ден од како беа кренати рампите на граничниот премин Евзони помина без вообичаените гужви. На македонскиот премин Богородица во текот на целиот ден беа регистрирани само околу педесетина возила со македонски државјани кои се упатија кон јужниот сосед“.

Малиот број граѓани кои денеска одлучија да влезат во Грција велат дека ги знаат протоколите и ги имаат потребните документи. 

Моменталните правила за влез во Грција ќе важат до идниот понеделник, по што според одредени информации најверојатно тие ќе бидат олеснети.