Македонија
21. January 2022 - 20:14

Дали дивоградбите на Матка ќе го чекаат новиот закон за легализација?

Одбиени се барања за легализација на дивоградби на Матка кои немаат законски основ да бидат легализирани, но неизвесно е кога ќе се рушат. Првиот човек на општина Сарај не откри кога ваквите градби ќе бидат отстранети, ниту пак прецизираше со колкав буџет располага општината за таа намена.

Беџети не знае ниту колку дивоградби се заведени во регистарот на општината, ниту колку точно одобренија за легализација стасале до него.

Согласно новиот закон за легализација, кој се уште е во собраниска процедура, ќе може да се легализираат дивоградбите на Попова Шапка, Маврово-Леуново како и платформите на Матка. Нема да може да се легализираат оние дивоградби кои се наоѓаат во строго заштитени подрачја, каде има природни резервоари, национални паркови, гардското јадро на Охрид, заштитени подрачја на државни и локални патишта, гранични премини, археолошки локалитети. Нова можност за легализација ќе добијат дивоградби кои се изградени до 1 јануари годинава.