Кошарка
5. January 2020 - 15:26

Далас по продолжение поразен од Шарлот

 
 
 
 
Најнеизвесниот меч од синоќешната понуда во НБА лигата го одиграа Далас и Шарлот, а победа остварија гостите и тоа по продолжението со 123-120. 
 
Иако Лука Дончиќ оствари трипл-дабл со 39 поени, 12 скока и 10 асистенции, сепак Словенецот, не успеа да реализира шут за победа во регуларниот дел, па на крајот „Стршлените“ беа оние кои се радуваа на победа. 
 
Во последната секунда беше решен и дуелот во Сакраменто каде „Кингси“ загубија од ЊУ Орлеанс со 115-117. 
 
Откако на 4,2 секунди пред крајот Србинот, Немања Бјелица погоди тројка со дополнително слободно фрлање за израмнување на резултатот, во последниот напад ветеранот Џеј Џеј Редик на 1,1 секунда до крајот со својот 18-ти поен му донесе победа на својот тим, петта во последните шест натпревари. 
 
Од останатите натпревари ја издвојуваме новата вкупно 37-ма победа на најдобриот тим во лигата Милвоки кој предводен од Јанис Антетокумпо и неговите 32 поени го победи Сан Антонио со 127-118.