Македонија
31. March 2023 - 12:32

Да се развива претприемачкиот дух кај младите

Младите се повеќе заинтересирани за претприемништво. Потребно е уште од основно образование да се едуцираат младите како да стекнуваат вештини се со цел во иднина полесно да може да ги креираат своите бизнис идеи. Секој млад човек треба да има барем едно практично претприемничко искуство пред да го напушти училиштето а наставниците и професорите сертифицирани од Џунирор Ачивмент Македонија им помагаат, сами да ги водат ученичките компании.

Радува податокот што многу студенти македонски претприемачи имаат свои компании и се успешни во развиените земји.

Претприемничкото образование не може да се одвива само во училиштата, односно изолирано од случувањата во надворешниот свет потребна е партнерска соработка со надворешни организации за да се олесни процесот на учење.