Македонија
30. March 2020 - 8:34

Да не се стигматизираат заболените од коронавирусот и оние во карантин

Кризите се време кога човечноста е ставена на тест. Ниту заболените од коронавирусот, ниту нашите сограѓани сместени во карантин не треба да бидат стигматизирани. Не смееме да дозволиме, објави на својот профил на Фејсбук синоќа министерот за здравство Венко Филипче.

– Ова е можност да се развиеме како општество, да ги надминеме стигмата и поделбите, да се обединиме во хуманоста и да покажеме дека можеме подобро, потенцира Филипче.