Loading Video...
Свет
1. July 2020 - 12:50

Д-р Фаучи: САД не го контролираат ширењето на коронавирусот

САД не го контролираат ширењето на коронавирусот, предупреди д-р. Ентони Фаучи, оценувајќи дека тој е многу загрижен затоа што може да биде многу лошо. Членот на групата во Белата куќа за корнавирусот, додаде дека во земјата бројот на нови случаи може да достиге до 100.000 дневно.

Наспроти ваквите предупредувања во САД, во Чешка граѓаните на главниот град Прага се собраа на 500 метри долга маса на Карловиот мост, на прослава со песна и игра да кажат збогум на короната. Чешка со над 10 милиони жиели беше меѓу првите земји што наметна строги рестрикции, па имаше околу 12 илјади заразени и 349 смртни случаи со ковид-19.

Германија денеска го презема претседателствувањето со ЕУ по 13-ти пат. За време на мандатот главен приоритет ќе биде борбата против пандемијата на коронавирусот, како и економскоото и социјалното закрепнување на Европа. Канцеларката Меркел и нејзиниот кабинет истакнаа дека сакаат да напредуваат во клучните претходно поставени цели, како што се заштитата на климата, дигитализацијата и одредувањето на европскиот буџет. Франција и германија во мај предложија план од 500 милијарди евра за да и се помогне на Европа да излезе од големите економски штети од корона вирусот.

Денеска завршува гласањето на референдумот за измените на Уставот на Русија што потенцијално би можеле да му дозволат на претседателот Владимир Путин да остане на власт уште 12 години. Околу 110,5 милиони луѓе имаат право да гласаат на реферндумот. 67-годишниот руски лидер веќе 2 децении е на власт како претседател или премиер. Доколку се одобрат уставните измени, се отвора патот тој да се кандидира повторно кога неговиот тековен мандат истекува во 2024 година, и повторно му е забрането да бара трет последователен шестогодишен мандат.