Македонија
18. January 2022 - 16:32

ЦУК уверува дека нема опасност од поплави во Аеродром

Жителите на Аеродром кои се во близина на кејот на Вардар нема потреба да стравуваат за своите животи и домови. По вчерашното излевање на реката кај мостот во изградба „Михајло Апостолски“, а која под вода ја однесе пешачката и дел од велосипедската патека, првиот човек на ЦУК уверува дека безбедноста на граѓаните не е доведена во прашање. Во случај да се повтори вчерашната ситуација, оштетени би биле само патеките.

Ангелов вели и дека веќе имаат подготвено три сценарија во случај да се зголеми водостојот на реката во наредниот период, со оглед на тоа дека според временските услови не очекуваат врнежи. 

Реката се излеа вчера вечерта, а по пријава на загрижени граѓани надлежните излегоа на терен. Утврдија дека излевањето е предизвикано од насипите направени поради градежните активности на мостот. Водостојот пак бил зголемен поради зголемениот испуст на вода од хидро електраната Матка, заради зголемено производство на електрична енергија.