Loading Video...
Свет
2. August 2020 - 19:32

Црна Гора во загуба од 92% од овогодинешниот промет од туризмот

92 проценти помалку туристи има летово во Црна Гора споредбено со истиот период од годината, лани-покажуваат податоците на националната туристичка агенција. Иако хотелиерите и сопствениците на туристички апартмани велат дека речиси ги преполовиле цените, во земјата на одмор, до сега  дошле само 15.000 туристи. Во градот Улцин, угостителите се жалат дека немаат ниту пет проценти од минатогодишниот промет. Претходно светската туристичка агенција објави дека поради пандемијата, светскиот туризам од почетокот на годинава до мај е во загуба од 320 милијарди долари, што е за три пати повеќе отколку за време на светската економска криза во 2009 година.

Гори Северна и Јужна Америка. Во Калифорнија, поради шумскиот пожар кој зафати површина од 16.000 хектари, околу 8.000 луѓе се евакуирани од своите домови во јужниот дел на државата. Пожарот бил пријавен пред 2 дена, на околу 130 километри од Лос Анџелес.

Ситуацијата не е ништо подобра ниту во Амазонија, каде пред 3 дена биле регистирани над 1000 активни пожари,  што е најголем број во еден ден од 2005 година.

Мелбурн воведе двомесечен полициски час поради критичната состојба со коронавирусот во Австралија. Пет милиони граѓани кои живеат во овој град, нема да можат да излезат од своите домови во периодот од 20 часот навечер до 5 часот наутро. Од почетокот на пандемијата, па до сега, ова се најстрогите рестриктивни мерки воведени во градот. Иако тамошните власти се обидуваат да го намалат ширењето на вирусот, и денеска во сојузната држава Викторија има голем број заразени лица-регистирани се нови 671 лица позитивни на Ковид-19, а 7 ја загубиле борбата со вирусот. Инаку во светот најкритично и понатаму е во САД со околу 5 милиони заразени лица. Потоа Бразил со речиси 3 милиони и Индија со над милион и петстотини инфицирани луѓе.