Македонија
27. November 2015 - 18:25

Црн петок - Вистински попусти или рекламен трик!?

Попусти од 10 до 70%. Главниот град го зафати американската шопинг манија наречена Црн петок. Граѓаните од рано утрово ги посетуваат трговските центри кои нудат големи намаленија, но сепак има поделени мислењата околу прашањата колку се реални попустите.Додека поголемиот дел од граѓаните сметаат дека токму денес можат да си го купат омиленото парче облека, козметика или апарат за домаќинство по значително намалена цена, има и такви кои велат дека попустите во САД се многу поголеми и попримамливи.

И продавачите се задовни од зголемената продажба. Поради големиот интерес дел од продавниците ќе ги понудат истите цени и за време на викендот.

Последниот петок од месец ноември пак во Америка традиционално владее шопинг лудило. Милиони купувачи уште од рани зори кампуваат пред вратите на трговските центри и чекаат да влезат први, а недостатокот од одреден производ неретко предизвикува и тепачки помеѓу американците.  Се очекува околу 300 милиони купувачи во Америка само денес да потрошат 80 милијарди долари.