Ципрас: Владата на Мицотакис е неспособна и опасна за справување со пандемијата
Владата на Мицотакис не само што се покажува неспособна да управува со ваква критична ситуација, туку и опасна е, опасна бидејќи ги става идеологиите, интересите и профитот над животот на луѓето, порача лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас од Солун и истакна дека ситуацијата е сериозна и не смеат да ѝ дозволат на актуелната Влада да го подели грчкото општество, јави дописничката на МИА од Атина.
– Од овде, од Солун, во ваше присуство, сакам заедно да испратаме јасна порака: работите се премногу сериозни за да го оставиме господинот Мицотакис да го подели и распарчи грчкото општество. А пораката што ја испраќаме денес е: До тука! Доста е! Немаме право да дозволиме, не можеме и нема да дозволиме лагите, репресијата и корупцијата да станат нормалност во земјата и да продолжат безгрижно да уживаат во летни викенди со 13.000 мртви во земјата, порача Ципрас.
Додаде дека на Грција „во овој тежок момент“, потребно ѝ е лидерство кое може да го убеди и обедини народот и истакна дека Мицотакис, со неговите постапки во минатото, веќе го загуби неговиот кредибилитет.
– Ни продаваат наводно враќање во нормала и голем и силен раст, а знаат дека економијата веќе ја извадија од шините и планираат нагло слетување. Освен ако не сметаа на нешто друго, како што е нивната вообичаена тактика. На исплашеното општество да му ветуваат работи што не можат да ги исполнат, за да одат на предвремени избори, среде пандемија за можеби да се спасат од падот, пред пресудата на народот, рече Ципрас и додаде дека ако Мицотакис размислува на такво нешто, СИРИЗА е подготвена и го чека, но го чека и „големо изненадување“.
Во однос на пандемијата, Ципрас рече дека на располагање се три оружја: зајакнување на здравствениот систем, искористување на сите можни, па дури и експериментални фармацевтски програми тешко болните и вакцината, за да се изгради имунитетот на населението.
Ново на Сител
-
Руанда сака да биде домаќин на трка во Ф1
-
Кривична пријава за несовесно работење во службата и загадување на животната средина и природата
-
Светска банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19 проценти
-
18-годишник се здобил со тешки повреди откако со возило излетал од патот кај Гостивар
-
Фатен бегалец од затвор
-
ЈОРСМ: Преземени сите списи во врска со постапките за утврдување одговорност на судии кои постапувале во „Таргет-Тврдина“
-
ССМ: До крајот на годината работодавачите да исплатат К-15, право загарантирано со ОКД
-
Судски совет: Нема наредба за претрес, соработуваме со ОЈО Скопје