Loading Video...
Македонија
24. March 2018 - 16:17

Ципрас: Следниот пат нема да можете да кажете дека доаѓате од Македонија, туку од Горна Македонија или слично

Грчките медими по посетата на Коѕијас на Македонија, констатираат дека мегу двете страни има пријателска атмосфера и добра волја за решавање на спорот, но и дека  остануваат разликите околу промената на уставот и формулацијата на името. Според телевизиите Антена и Скај, по  прес конференцијата на двајцата мнинистри  е јасно дека   Скопје не отстапува од двојната формулација за името и  инсистира името да биде составено од два збора кои ке бидат  преведени на англиски јазик. Дподека пак АТина  како предуслов за  секое  одржкиво решение на спорот бара промена на уставот. Двете  тв куки објавија дека Димитров во разговорсо грчките новинари изјавил дека по средбите во Виена, ќе ја посети Атина и изразил желба да се сретна со министерот за одбрана Каменос, кој се противи на употребаната на терминот Македонија во новото име. Еуроњуз на грчки јазик, повикувајки се на дипломатски извори објави дека се очекува Нимиц во Виена да престави правен текст на ОН, во кој двете страни ке ги дополнат и ке ги одбележат точките во кои има поклопување.  Премиерот Ципрас од Бриусел порача дека Грција има два клучни услови за решавање на спорот за името  едниот е сложеното име со географска одредница, а вториот е тоа да биде одржливо решение.Одговарајки и на новинарката на МИА, тој практчино го откри името кое го посакува Грција и изрази надеж дека тоа ке би де последен пат да го употрени терминот Македонија

„Следниот пат веќе нема да можете да го користите терминот Република Македонија, туку Горна или било која друга опција. Имаме волја да го решиме овој проблем, но нема никаков притисок, никој не не тера. Ова не е егзистенцнионално прашање за нас, но е за нашите соседи“.

„Не треба да биде ‘олеснета верзија’, туку одржливо решение за да се создаде силен дијалог меѓу народите, името треба да биде за секоја употреба, меѓународна, билатерална, но и за внатрешна употреба. Не може да има различно име во Обединетите нации, а да продолжи да се нарекува Македонија во Уставот. Договорот не е лесен, во Грција многу луѓе се противат, но ова е историска шанса која треба да се искористи“

Изјавата на Ципрас беше остро криткувана од опозиционата Нова Демнократија, од каде му порачаа дека е несерионо и површно еден премиер да се шегува со важно национално прашање.