ЦИК: Владимир Путин доби највисок резултат во последните неколку претседателски избори
Владимир Путин вчера доби највисок резултат во последните неколку претседателски избори во Русија, соопшти заменик претседателот на руската Централна изборна комисија Николај Булаев.
За Путин гласале над 56 милиони гласачи, или 76,66 проценти.
- Тоа е апсолутен рекорд во последните неколку избори за претседател на Русија, вели тој. Податоците се од преброени 99,84 отсто од ливчињата.
- Во Москва гласовите за Путин се зголемиле од 1,2 на 3,2 милиони, што е за 60 проценти повеќе, отколку на изборите во 2012 година, соопшти претседателот на московската изборна комисија Владимир Горбунов.
Во Крим за Путин гласале 92,15 проценти од избирачите, или 985.117 лица. Изборната активност на полуостровот била 71,47 проценти, соопшти претседателот на регионалната изборна комисија Михаил Малишев.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација