-->
-->
Чулев демантира дека полицајците кои се под истрага се од неговиот тим
-->
Министерот Наќе Чулев демантира дека четворицата полициски службеници кои денеска биле повикани на исказ во обвинителството, поради протекување на ПИМ мерки, се од неговиот тим.
-Во врска со пишувањата во медиумите за наводни апсења на лица кои се дел од мојот тим, би сакал да ја информирам јавноста дека најостро ги демантираме овие наводи.
Имено, станува збор за преземање службени дејства по наредба на судија за претходна постапка за лица кои се вработени во Министерството за внатрешни работи и истите се распоредени на соодветни работни места со решенија од претходните министри и никако не се поврзани со мојот тим или пак мојот кабинет. Лицата немаат добиено било какви решенија од моја страна.
Во таа насока во целост ги демантирам наводите објавени во медиумите кои се креирани од луѓе кои сакаат да застанат на патот на правдата. Уште еднаш напоменувам дека изнесените наводи во медиумите се лага и конструкција смислена од претходното раководство на министерството за внатрешни работи. Овие лажни вести се пласираат за да се нанесе штета на моето работење и на моите соработници.
Според моите информации во наредниот период се очекува покрај вакво изнесување на невистини да се преземаат и други слични активности кои се резултат на спрегата помеѓу параполициски, судски и обвинителски структури, блиски до СДСМ и подземјето со цел попречување на истрагите кои се во тек, а се однесуваат на криминалните дејствија поврзани со претходната структура.
Напоменувам дека никој нема да ме поколеба или исплаши во мојата посветеност за бескомпромисна борба против организираниот криминал и корупцијата, вели министерот Чулев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕУ со нови санкции за Русија
-
Бунтовниците го укинаа полицискиот час во Дамаск
-
Царинска управа: Запленети накит, девизи, цигари, облека и автоделови
-
Костадиновски: Одлуката за подготвителна седница не е слабост, Судот ќе одлучува за иницијативите за Законот за јазиците најдоцна во мај
-
Сведокот Гоце Трајковски во случајот со убиството на Вања и Панче е осомничен за друго тешко кривично дело и по него се трага
-
Со нож се заканувал на вработен на патарина
-
Акција на грчката полиција за разбивање на турската мафија во Атина и Солун
-
Русија ги повика своите граѓани да се воздржат од патувања во западните земји