Loading Video...
Тенис
25. January 2018 - 16:10

Чилиќ прв финалист на Австралија Опен

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ е првиот финалист на Австралија Опен,
 
Чилиќ без големи проблеми во меч кој траеше 2 часа и 20 минути во три сета го совлада 23 годишниот Британец Кајл Едмунд со 3-0. 
 
Единствено во вториот сет Британецот пружи поголем отпор, па Чилиќ истиот го доби во тај-брејкот со 7-6, додека првиот и третиот Хрватот ги реши експресно со по два препуштени гема (6-2 и 6-2)
 
Противник на Чилиќ во финалето ќе биде победникот од мечот меѓу бранителот на трофејот од лани Роџер Федерер и сензационалниот полуфиналист во  Мелбурн, Кореанецот, Хјеон Чунг.