Македонија
27. November 2015 - 18:10

Четири семејства останаа без кров над глава во пожар во населбата Варош

Четири социјално-загрозени семејства кои со години живеат во т.н. “бугарски” бараки во прилепската населба Варош, од ноќеска се без покрив над главата, откако нивните живеалишта целосно се пеплосани во големиот пожар кој избувнал околу 3.30 часот. Станарите велат дека глетката била стравична и едвај спасиле жива глава бидејки спиеле. Според нив, огненената стихија најпрвин избувнала во првата барака по што брзо се проширила и на втората.
 
Од ТППЕ од Прилеп, и покрај тоа што интервенирале со седум возила, не успеале да спасат ништо од веќе опожарените бараки, но, спречиле огнот да не се прошири и на останатите бараки кои се збиени една до друга.
 
Социјалните бараки во оваа населба пред петнаесетина години ги постави ЛС, а истите беа бугарска донација. Во нив се сместини околу 40-тина повеќебројни соцвијални семејства.