Loading Video...
Ракомет
30. September 2022 - 19:04

Четири од четири за домаќините во дуелите од Лигата на шампионите

Во ракометната Лига на шампионите комплетирано е 3.коло. 
 
Екипата на Барселона ја оствари е третата победа, со која актуелниот шампион остана единствениот со максимален учинок во Б групата.
 
Предводени од Французинот Мем кој постигна 10 гола, Барселона пред своите симпатизери го совлада Целје со 38-30. 
 
И на останатите три средби победи забележаа домашните екипи. 
 
Во истата Б конкуренција, Кил го победи Сегед со 34-29, а Нант славеше со убедливи 41-30 над Елверум кој го претрпе и третиот пораз.
 
Во единствениот натпревар од А групата Висла Плок со 31-27 го надигра данскиот ГОГ.