Македонија
25. February 2021 - 20:56

Четири новородени кучиња и мајка отруени во Охрид | ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО

Активист од Охрид, Климент Арнаудов на својот фејсбук профил објави видео од отруени четири новородени кучиња и мајка за кои тој се грижел.

- Масакар во с. Косел, Охрид. Ми ги отруја душињава што ги хранев, предупредував на тоа та затоа и ги објавував скоро секој ден. Полиција доаѓа на терен. Само да стигнеме до сторителот бел ден не ќе види. Ми трпи и работа и сѐ, животов ми се скрати ќе ја тужам и државава за нанесен душевен бол и сѐ. - пишува Арнаудов.

На видеото има голем број на реакции и најголем дел бараат одговорност.