Честитка од Џафери по повод Курбан Бајрам
Претседателот на Собранието Талат Џафери од негово име и од име на пратениците денеска до граѓаните од исламска вероисповед упати четитка по повод Курбан Бајрам.
Џафери во честитката потенцира дека големиот муслимански празник, Курбан Бајрам, е празник кој ја симболизира индивидуалната и колективната солидарност и сочувство кон најблиските, кон соседите и кон луѓето кои се помалку среќни од нас.
- Овој празник е празник на меѓусебната хармонија, взаемната почит и разбирање, меѓутоа и ден за изразување благодарност за сето тоа што со што сме благословени и што е дел од нашиот секојдневен живот. Посакувам овој празник да ве најде во добро здравје, во благосостојба во вашите домови и топлина во семејниот круг. Исто така, посакувам хармонијата и разбирањето да владеат помеѓу сите граѓани на Република Македонија, без оглед на етничката, верската или политичката припадност. Заедно, да градиме држава која ќе биде вистински дом со еднакви демократски права, стандарди и вредности за сите наши граѓани, се наведува во честитката од претседателот на Собранието Џафери до граѓаните од исламска вероисповед.
Ново на Сител
-
Делови од Карпош и Центар утре без вода
-
Премиера на филмот DJ Ахмет на последниот ден од фестивалот Браќа Манаки
-
Турски државјанин повреден при извршување градежни работи на автопатот Гостивар - Кичево
-
Лука Змејкоски освои бронзен медал, не се пласира во финалето на ЕП
-
Димова: Се ослободувам од вината дека сум злоупотребила европски пари
-
Лидија Димова осудена на казна затвор од две години
-
Кавадарчанец пријавен дека со воздушна пушка пукал во домашно милениче
-
На територијата на земјава активни три пожари