Loading Video...
Фудбал
29. December 2019 - 18:17

Челзи со пресврт го победи Арсенал

Лондонското дерби од 20 коло во англиската Премиер лигата меѓу Арсенал и Челзи им припадна на „сините“ кои со пресврт во завршницата стигнаа до победа со 2:1. 
 
Иако Арсенал поведе уште во 13 минута со голот на Обемејанг, а таа предност ја одржуваше се до завршните десетина минути, сепак во финишот „Топџиите“ потклекнаа. 
 
Прво Жоржињо во 83-тата, а потоа и Тами Абрахам 87-та минута постигнаа два гола за гостите и голема радост и победа на Челзи со конечни 2-1. 
 
Оваа рунда ќе биде заокружена со двата дуели кои ќе се денеска, а во кој лидерот Ливерпул е домаќин на Вулверхемптон, а Манчестер Сити го пречекува Шефилд Јунајтед.