Loading Video...
Свет
18. March 2018 - 17:00

Центарот на сирискиот град Африн целосно под контрола на Турските воени сили

Центарот на сирискиот град Африн целосно под контрола на Турските воени сили. Турскиот претседател ердоган објави дека војниците при влегувањето не наишле на отпор. Турските сили поддржани од сириските бунтовници почнаа воена операција во Африн против сириските курдски милиции  на 20 јануари отворајќи нов фронт во сириската граѓанска војна која трае веќе осум години. Над 1.500 курдски борци се убиени во турската офанзива од јануари, а повеќето се убиени во воздушни напади и артилериски гранатирања.