Бизнис
7. August 2020 - 13:38

Цената на струјата ќе се коригира ако енергетските компании ги сменат своите финансиски планови

Одлуката за поскапување на струјата може веднаш да се повлече, вели првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски. Услов за да се случи тоа е енергетските компании да приложат нови пресметки до РКЕ, односно да се одлучат да работат со загуба или да ги одложат планираните инвестиции во наредниот период.

Бислимовски тврди дека при формирање на цената не биле земени предвид голем дел од остварените приходи на енергетските компании и дека не биле земени предвид ниту новите вработувања.

За Бислимовски е разбирлив гневот на граѓаните од одлуката за поскапување на цената на струјата. Токму во таа насока било и барањето на РКЕ новиот собраниски состав да изгласа намалување на ДДВ од 18% на 5% за сметките за струја.

Според последната одлука на Регулаторна, почнувајќи од овој месец, па во текот на следните 12 месеци, домаќинствата ќе плаќаат струја поскапа за 7,4%.

 

Мирјана Јовеска