Македонија
4. April 2020 - 14:34

Целосна реорганизација на инфективното одделение во Штип по контакт со пациент позитивен на ковид-19

Две докторки, 8 медицински сестри и 4 болничари од инфективното одделение во штипската клиничка болница се во самоизолација од 14 дена, поради тоа што биле во контакт со 80 годишната пациентка заболена од корона вирус. Затоа на ова одделение има целосна реорганизација на медицинскиот персонал.

Што се однесува до медицинските сестри, тие ќе бидат заменети со медицински сестри од другите одделенија на клиничката болница и во договор со Министерството за здравство ќе ни биде пратена една докторка инфектолог од општата болница во Струмица, која веќе од недела, односно од утре, ќе се вклучи во работата на инфективно одделение-изјави АЛЕН ГЕОРГИЈЕВ, ДИРЕКТОР НА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА –ШТИП

На инфективно во моментот се хоспитализирани само двајца пациенти со средна клиничка слика и во стабилна здравствена состојба, а има уште 15 лица со потврдена корона инфекција кои се на домашно лекување.

Имаат лесна клиничка слика, секој ден се комуницирани по телефон од страна на инфектолозите и по потреба се донесуваат на контроли за да им се направи лекарски преглед – додаде Георгиев

Од првите пријавен случаи на заразени во Штип поминаа 20 дена, па деновиве се очекува Институтот за јавно здравје да излезе со податоци колку од нив се негативизирани, односно, излекувани од Ковид 19. На пунктот во Здравствениот дом се земаат брисеви од сомнителни на корона вирус и досега се тестирани вкупно 102  лица.