Loading Video...
Кошарка
21. March 2020 - 18:15

Цел Фенербахче во карантин

Целиот колектив на КК Фенербахче е испратен на тестови за Коронавирус, откако некои од членовите на тимот, но и од администрацијата ги почувствувале  првите симптоми на заразната болест.

„Веднаш откако беа откриени симптомите, нашиот медицински тим интервенираше и сите кошаркари и тренери се испратени во болница за да се тестираат“, стои во соопштението од клубот.

Рутинската лекарска проверка покажа дека во Фенербахче постојат потенцијални заразени од Коронавирусот.