Џет-Сет
20. March 2018 - 10:46

Цеца доби снаа: Богдана доби прстен, а Вељко веднаш им се пофали на сите

Вељко Ражнатовиќ, синот на фолк дивата Цеца Ражнатовиќ, објави на Инстаграм фотографија од својата девојка Богдана Родиќ, која позира со прстен на раката.

Откако ја почнаа врската, не се одвојуваат, а Богдана му е најголема поддршка кога станува збор за неговата боксерска кариера.

Вељко, да потсетиме, ја доведе Богдана кај мајка си, а снаата остави силен впечаток врз иданта свекрва.

Фолк ѕвездата била воодушевена од новата снаа, со која веднаш нашла заеднички јазик.

-Вељко неодамна се запозна со мајката на Богдана. Таа се посрами кога ја здогледа Цеца, но набрзо се опушти. Пејачката ја воодушевила со нејзината непосредност. Посебно и се допаѓа тоа што е вредна и што им помага на родителите на семејната фарма. Цеца исклучително ја почитува и затоа на Вељко му порача да внимава како се однесува, со оглед на тоа што нејзиниот наследник е голем заводник, раскажува изворот.

Цеца тогаш кратко порача:

-Во емотивниот живот на своите деца и нивните избори никогаш не сум се мешала, ниту јавно сум коментирала. Иако се млади, тие одлично знаат дека тука сум да им помогнам ако имаа потреба од тоа. Можам да кажам само дека Богдана е културна, убава и воспитана девојка која доаѓа од домаќинско семесјтво, што ми е многу драго.