Македонија
25. November 2020 - 18:28

Царовска: Зимскиот распуст нема да започне порано

Зимскиот распуст нема да почне предвреме. Министерката за образование и наука уверува  дека сосотојбата со вирусот во училиштата е под контрола. 

Во моментов активни ученици со физичко присуство се 79, што е 0,06 проценти од вкупниот број ученици, и 148 наставници до вчера, што е помалку од 1 процент од вкупниот број наставници во нашата држава. Ова се факти кои зборуваат дека интерно ширење на болеста во училиштата нема, дека образовниот систем е стабилен и училиштата ги почитуваат мерките и здравствените протоколи. Токму затоа продолжуваме да го спроведуваме Планот од Владата за учебната 2020/2021, според кој второто полугодие ќе почне на 21-ви јануари, а на крајот на годинава ќе заврши првото полугодие. 

Министерката вели дека оценувањето на учениците, поминало успешно.

Во однос на проблемот со парното греење во неколку скопски училишта, Царовска вели дека грејната сезона е веќе почната, а тековните услови се остварени. За вакви и слични проблеми како надлежни ги посочи општините.