Македонија
30. November 2021 - 16:38

Бугарските институции потврдија дека условите на патот не биле безбедни, но државата не може да биде виновна за трагедијата

Кобната делница не е ниту автопат ниту магистрала а знаците со определување на брзината се недозволиви за тие услови. Ваква констатација изнесоа од Министерството за регионален развој и јавни работи и од Советот за национална безбедност во Бугарија. Промената на знакот за дозволена брзина од 90 на 120 според нив не може да биде со сигурност причина за настанатата катастрофа. Министерката Комитова не смета дека државата треба да понесе одговорност за секоја настаната катастрофа.

- Не ми е јасно зошто државата треба да се осудува за секоја катастрофа. Ова е вообичаена катастрофа, секаде се случуваат такви работи, така што не можам да коментирам, рече Комитова во одговор на прашање на БНТ дали државата може да биде осудена, бидејќи осигурителната компанија не може да го земе целиот износ на обесштетувањето.

Патот е изграден пред речиси 20 години а заштитната ограда рибина опашка е поставена 2007 а потоа ги исполнила стандардите. Од почетокот на годинава променети се нормите во однос на ваквиот тип на банкина. Настанот го квалификуваа како многу чуден бидејќи за брзо време избувнал пожар кој според нив е главна причина за толкав број на жртви.

Промената на заштитната ограда само на оваа кратка делница би чинела околу 15 милиони евра. Итни мерки кои ќе ги преземаат ќе биде да се ограничи брзината до 90 км/ч, да се постави рефлектирачка сигнализација и замена на опасните огради. Патот нема да биде во функција речиси една година но и по неговото пуштање потенцираат јавноста да не очекува дека тоа ќе биде автопат. Обвинителството во Бугарија се уште ја води истрагата и не се познати причините за катастрофата. Во петок се очекува да заврши целосно идентификацијата и телата да бидат предадени на нивните семејства.