Loading Video...
Свет
17. May 2021 - 12:30

Британците пак продолжуваат со масовната вакцинација

Британците пак продолжуваат со масовната вакцинација, а побарувачката за вакцини нагло се зголеми откако се појави Индискиот сој, кој засега е еден од најсмртоносните. Во меѓувреме се одложија и најавените намалувања на ограничувањата, откако бројот на новозаболени од Индиската мутација на дневно ниво се искачи над 1000.

Секретарот за здравство на Британија Мет Хенкок истакна дека првичните податоци покажуваат висок степен на довесрба дека вакцините ќе помогнат во сузбивање на новиот вирус.Можеме да останеме во тек со нашата стратегија за користење на вакцината за справување со пандемијата. Мислам дека беше грешка што ја тргнавме Индија од црвената листа толку брзо, рече Хенкок.

Велика Британија, кој е една од најтешко погодените земји во светот со над 127 000 смртни случаи, исто така, забележа позитивна пресвртница откако во земјата досега дури 20 милиони луѓе примија две дози од вакцините против Ковид-19.