Loading Video...
Фудбал
2. March 2021 - 19:54
Британците бараат организација на ЕП 2021 и СП 2030г.
Фудбалска Англија деновиве е во фокусот на јавноста поради две причини. Првата е понудата следното ЕП да се организира само на островот е втората е кандидатурата за организација на СП 2030-та година.
Да потсетиме Македонија за првпат ќе игра на континентален шампионат и треба да ги игра своите средби во Букурешт и Амстердам но доколку се прифати овој предлог ќе игра на островот.
Веројатноста расте откако премиерот, Борис Џонсон изрази поддршка и подготвеност Велика Британија да ја превземе организацијата на ЕУРО 2021 со тоа што финалето би се играло на Вембли пред полни трибини.
На потег е УЕФА која треба во најскоро време да потврди каде ќе се игра ЕП.
Британската влада денеска ја поддржа и заедничката кандидатура на Англија, Шкотска, Велс, Северна и Република Ирска за организација на СП во фудбал 2030-та година.
Кандидатурата ќе биде поднесена најверојатно наредната година а владата за тоа ќе објави 2,8 милиони фунти објавија од англиската фудбалска федерација.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->