Бразилскиот претседател Лула е подготвен да посредува меѓу Русија и Украина, нема да испраќа тенковска муниција во Киев
Претседателот на Бразил, Лула да Силва, изјави дека е подготвен да посредува меѓу претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, доколку е потребно.
– Ако можам да помогнам, ќе помогнам. Ако е неопходно да бидам посредник во мировните преговори меѓу Путин и Зеленски, нема проблем, рече Лула на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц.
Претседателот на Бразил рече дека е неопходно „да се соберат луѓе кои поради нивното влијание ќе бидат почитувани на преговарачката маса и да се вклучат“ во преговарачкиот процес.
Лула да Силва предложи мировните преговори за Украина да се одржат во широк меѓународен формат кој потсетува на групата Г20.
Бразилскиот претседател рече дека за овој предлог веќе разговарал со германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон.
Тој информира дека овој предлог ќе го спомене и кога ќе се сретне со американскиот претседател Џозеф Бајден во февруари и со кинескиот претседател Си Џинпинг во март.
Во исто време, тој рече дека Бразил нема да испорачува муниција за борбените тенкови Леопард што Германија неодамна и ги вети на Украина.
Лула рече дека Бразил, исто така, нема да обезбеди муниција за тенковите Гепард за воздушна одбрана што Берлин веќе ги испрати во Украина.
– Бразил не е заинтересиран да прати муниција што ќе се користи во војната меѓу Украина и Русија, рече Лула на заедничката прес-конференција со Шолц.
– Бразил е земја на мирот. И затоа Бразил не сака никакво учество во оваа војна, ниту индиректно, рече бразилскиот претседател.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња