Loading Video...
Кошарка
8. January 2021 - 16:04

Браун со звукот на сирената му донесе победа на Фенербахче на гостувањето во Белград

Со кошот на Лоренцо Браун постигна буквално со звукот на сирената, екипата на Фенербахче славеше победа на гостувањето во Белград кај Црвена Звезда со 73-71 во рамки на 18.коло во Евролигата. 
 
Американецот, беше и најдобриот поединец во турската екипа, а на својот поранешен тим му уфрли 13 поени. 
 
Победи на гостински терен забележаа и Макаби кој ја совлада Алба во берлин со 85-73 и Зенит кој во Атина беше подобар од Панатинаикос со 89-77. 
 
Предноста на домашниот терен ја искористија Барселона која со 89-72 славеше против Валенсија како и Басконија која минимално со 95-93 ја победи московска ЦСКА. 
 
Денеска на програмата се преостанатите четири средби од 18.коло, a двојките се:
19:00   ЖAЛГИРИС - ХИМКИ М. 
20:00   ОЛИМПИЈАКОС - БАЕРН МИНХЕН
20:45   ЛИОН ВИЛЕРБАН - АНАДОЛУ ЕФЕС 
21:00   РЕАЛ М. - ОЛИМПИЈА МИЛАНО