Loading Video...
Ракомет
17. May 2021 - 19:52

Браќата Њокас први Французи во РК Металург

РК Металург и натаму со обиди да се врати на позициите што ги имаше во македонскиот и европскиот ракомет. За таа цел денеска претставени новите засулувања, браќата близнаци, Кевин и Оливие Њокас кои  со Металург потпишаа двегодишен договор. 
Кевин Њокас е десен бек, кој професионалната кариера ја почна во Пари Сен Жермен за кој настапувал од 2006 до 2012 години. За репрезентацијата на Франција одигра 41 натпревар и има златни медали од ЕП 2014 во Данска и СП 2015 во Катар.
Оливие Њокас е лев бек, кој исто така првиот професионален договор го потпишал со екипата на Пари Сен Жермен, за која настапувал од 2006 до 2008 години. 
Последните пет сезони ги мина во Нант, каде настапуваше со селекторот и капитен на македонска репрезентација, Кире Лазаров.
За репрезентацијата на Франција одигра 32 натпревари и е носител на сребрен медал од ОИ 2016 во Бразил и на златен медал од СП 2017 во Франција.