Loading Video...
Кошарка
5. April 2020 - 13:21

Брајант, Данкан, Гарнет дел од новите имиња во „Куќата на славните“

Легендите на НБА, Коби Брајант, Тим Данкан и Кевин гарнет се на официјалниот список за нови членови во „Куќата на славните“.
 
Кошаркарската „Куќа на славните Нејсмит“ официјално го објави имињата на сите финалисти во 2020 година.
 
Покрај кошаркарот на ЛА Лејкерс, Коби Брајант, кој почина на 26 јануари во хеликоптерска несреќа во ЛА, а постхумно ќе стане член во Куќата  на славните, на списокот се и легендите на Сан Антонио, Тим Данкан и Минесота односно Бостон, Кевин Гарнет.
 
Меѓу номинираните се и легендарната кошаркарка, Тамика Качингс, како и четири познати тренери, Руди Томијанович, Ким Малки, Барбара Стивенс и Еди Сатон, додека од извршните лица честа годинава му припадна на Патрик Бауман.
 
Официјалната церемонија е закажана за 29 август.