Loading Video...
Кошарка
4. May 2022 - 11:28

Бостон и Мемфис израмнија на 1-1 во дуелите со Милвоки и Голден Стејт

Екипите на Бостон и Мемфис израмнија на 1-1 во победи во дуелите против Милвоки и Голден Стејт, од полуфиналната серија по конференци во НБА плејофот. 
 
Откако првите дуели ги добија гостите, овојпат домаќините не дозволија нови изненадувања. 
 
Бостон предводен од Барун со 30 и Тејтум со 29 поени, славеше над актуелниот шампион Милвоки со убедливи 109-86. 
 
Џа Морант го предводеше Мемфис до победа над Голден стејт со 106-101. 
 
Морант на 47-те поени, придодаде по 8 скокови и асистенции. 
 
Следните два меча меѓу овие тимови ќе се играат во Милвоки и Сан Франциско. 
 
Ноќеска на програмата се вторите дуелите меѓу Мајами и Филаделфија, одосно Феникс и Далас во кои домашните екипи ќе влезат со предност од 1-0 во победи.