Loading Video...
Балкан
16. July 2020 - 19:40

Борисов во понеделник на гласање доверба во парламентот

Бугарската влада мора да опстане за да се бори со коронавирусот, рече премиерот Бојко Борисов, по барањето на опозицијата за гласање недоверба на владата во понеделник но и незадоволството на граѓаните кои продолжуваат да протестираат.

Борисов од кого демонстантите барааат оставка, рече дека нема да го стори тоа, но за да ги смири потестите одлучи да разреши тројца свои министри. Да си замине од функција не размислува ниту државниот јавен обвинител, кого заедно со премиерот, граѓаните го обвинија за корупција  поради наредба за апсење на блиски соработници на претседателот Румен Радев, кој подолго време остор го критикуваше Борисов.

Во меѓувреме, во Бугарија седми ден по ред се одржуваат антивладини протести. Засилено е присуството на полицијата во главниот град.

Протестите ги поддржува опозициската Социјалистичка партија, чии гласови во 2016 година го донесоа Радев за претседател. Следните парламентарни избори се закажани за март следната година.