Балкан
12. November 2021 - 16:37

Борисов најавува: ЕУ ќе ја понижи Бугарија и ќе почне преговори со Македонија и Албанија

Бојко Борисов стравува дека, под притисок на ЕУ, Бугарија до крајот на годинава ке мора да даде зелено светло за почеток на преговорите со Македонија. За таа цел вели бугарскиот екс премиер и лидер на ГЕРБ, директно се ангажираат и холанскиот премиер Руте и францускиот претседател Макрон. Вина за ваквата губитничка позиција на Софија, Борисов ја префрла на престедателот Радев, во пресрет на бугарските избор кои ке се одржат во недела.

Според информацијата која ја пренесоа албанските медиуми, Макрон во писмо до  француските амбасадори во земјите на ЕУ посочил два конкретни датуми, 14 декември за решавање на бугарско македонскиот застој, и 31 како конечен рок за почеток на прегворите за Македонија и Албанија. Сепак денеска  францускиот амбасадор во земјава не сакаше да навлегува во македонски состојби.  

И холандскиот премиер Руте за време на посетата на Скопје изрази очекување дека по изборите во Бугарија ке дојде до деблокирање на процесот за Македонија.