Македонија
21. October 2020 - 16:43

Болниците се полнат, од синоќа пациенти и во модуларната болница

Три болнички возила со пациенти во рок од 15 минути се паркираа пред влезот на модуларната болница. Две скопски, едно од Кавадарци. Во монтажните бараки до Инфективна од синоќа до сега веќе хоспитализирале 20тина болни кои поради комликации од вирусот имаат потреба од болнички третман. Во клиниката веќе нема слободен кревет а кадарот од оваа установа со помош од нивни колеги од интерните клиники ги третираат и заболените во дополнителниот објект. Инфективните одделенија во штипската, прилепската и струмичката болница се преполни и состојбата според лекарите е алармантна. Инфектолозите загрижени од овој тренд со апел до пациентите кои имаат полесни симптми да седат дома за да има место за тешките случаи.

-Секако од информациите кои се објавуваат за големиот број заразени и хоспитализирани ќе се создаде паника кај населението. Но оние кои имаат лесни симптоми да седат дома и да ги слушаат советите на матичните лекари. Секако дека ние не враќаме никој, но во ово ј момент мора да ги згртижиме потешките случаи, вели др. Милена Стевановиќ, директор на Клиника за инфективни болести.

На Инфективна има 99 пациенти на болнички третман од кои дури 67 се на кислородна поддршка. Директорката на Инфективна побара од граѓаните да ги почитуваат основните мерки за заштита за да не колабира здравствениот систем во кој медицинскиот персонал овие 7 месеци е преморен.

-Ние мора да издржиме, за нас за вас, за нашите блиски за вашите блиски. Затоа помогнете ни за да ова го спроведеме, вели др. Стевановиќ.

Во модуларната болница има 70 кревети и кога таа ќе биде исполнета, следна е детската болница во Козле во која можат да бидат згрижени 40 возрасни а има и посебен оддел за деца со корона и сомнителни на вирусот.

Ковид 19 е причина за смртта и на кумановскиот хирург Драган Тасевски, кој пред десетина дена бил потврден како позитивен случај но не успеал да се избори со компликациите од вирусот.