Бојаџиев: Општата болница во Велес располага со доволна количина лични заштитни средства и дезинфекциски средства
Општата болница во Велес во моментов располага со доволна количина на лични заштитни средства за еднократна употреба: заштитни маски, ракавици, капи и каљачи, заштитни скафандери и очила, како и со доволна количина на дезинфекциски средства, вели директорот на таа јавна здравствена установа, Божидар Бојаџиев.
Сите овие средства, како што посочи, им се делат на вработените по претходно изготвен план, согласно потребите за лична заштита на секој вработен во соодветното одделение или служба.
Тој ги отфрла сите критики, невистини и тенденциозни лажни вести поврзани со личната и колективната заштита на вработените во ЈЗУ Општа болница Велес и тврди дека се неосновани.
-Упатувам апел до граѓаните да веруваат исклучиво на проверени извори на информации што произлегуваат од релевантните институции на нашата земја.Ширењето на лажните вести ја поткопува довербата во институциите на системот, што неминовно води кон намалување на успешноста во справување со оваа пандемија. Ви посакувам добро здравје со заедничка надеж кон што можно поскоро надминување на оваа светска здравствена криза, потенцира д-р Бојаџиев.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација