-->
-->
Богдановски постави нов државен рекорд
-->
Македонската пливачка Анастасија Богдановски на вториот ден на Светското првенство на 25 метарски базени што се одржува во канадскиот град Винздор постави државен рекорд во дисциплината 100 метри слободно. Таа во квалификациите исплива време 55.98 секунди и го подобри претходниот рекорд што беше во нејзина сопственост 56.75 секунди. Богдановски го освои 45 место од 132 пријавени пливачки во оваа дисциплина.
Денеска настап во квалификациите имаше и Љупчо Ангеловски. Тој во трката на 100 метри пеперутка имаше време од 56.11 секунди и беше за 62 стотинки побрз од пријавеното време за овој шампионат. Го освои 56 место во конкуренција на 93 пливачи.
Утре на шампионатот ќе настапат четири македонски пливачи: Анастасија Богдановски (50 метри пеперутка и 100 метри мешано), Горазд Чепишевски (50 метри грбно), Љупчо Ангеловски (50 метри слободно), Марко Блажевски (50 метри слободно).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација