Македонија
16. September 2021 - 16:02

„БМВ“ удри во повозрасна жена во населба Горица во Кичево

Вчера околу 10.30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот Кичево- Охрид, на излезот од градот во населба „Горица“, патничко возило марка БМВ со кичевски регистарски ознаки управувано од С.С. (51) удрило во постара жена со исти иницијали.

Портпаролот Стефан Димоски посочи дека во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Увидна екипа на ОВР Кичево излегла на местото на настанот а причините за несреќата и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.