Македонија
28. November 2020 - 16:52

Блек Фрајдеј во Македонија: Дали редиците од пред моловите ќе направат нови гужви пред Ковид центрите?

Дали попустите се поважни од мерките за зачувување на здравјето? Среде пандемија со над 1000 новозаразени со корона вирус и 30-тина починати дневно, луѓе во редици чекаат за да купат поевтино на Black Friday односно црн петок. Сликите со гужвите пред шопинг центрите кои вчера се појавија на социјалните мрежи предизвикаа револт кај многу граѓани и  медицински лица. И денеска имаше викенд попусти, граѓаните велат дека во продавниците се носат маски, но тешко се одржува растојание.

Бројките на нови случаи идната недела ќе покажат дали со ваквото однесување ќе се влоши епидемиолошката состојба со Ковид -19 за која вчера министерот за здравство изјави дека дека се стабилизирирала.

Филипче денеска ги осуди ваквите настани.

Од друга страна не само пред моловите, се чека и пред болниците. Само во скопските ковид центри последното деноноќие примени се 52-ца нови пациенти со компликации поради коронавирусот, а вкупниот број на хопситализирани во установите во главниот град изнесува 437 лица, засега има 70-тина слободни кревети, соопшти министерството за здравство.

За сликата пред ГОБ 8 септември и поплаките дека обезбедувањето на болницата им дава насоки на безбедносните сили за да се воспостави ред,  министерката за одбрана истакна дека армијата постапува исклучиво по инструкциите кои произлегуваат од оперативните планови.

– Апсолутно е недозволено и нелогично војска да прима насоки од приватно обезбедување и тоа во никој случај не е така. Она што војската го прима се иструкции кои доаѓаат од Штабот и иструкции кои доѓаат од оперативните планови што ги работи МВР заедно со претставници на Генералштабот, изјави Радмила Шеќеринска, министер за одбрана.

За обезбедување на редот и безбедноста во болниците каде се третираат ковид пациенти во моментот се вклучени 195 војници. Од понеделник 12 специјалисти и 20 медицински сестри од армијата ќе помагаат и во лекувањето на лицата со корона вирус хоситализирани во главниот град.