Бизнис
21. March 2023 - 16:38

Бизнисот против замрзнати цени, предлага намалување на даноците за помош на граѓаните

Бизнисот против замрзнување на цените. Во пазарна економија, товарот од кризата не може да падне на грбот на само една гранка, согласни се Коморите.  

Државата треба да им помага само  на најзагрозените, не и на тие кои можат и 5 пати поскапо да го платат лебот, чија цена е ограничена, велат од Стопанската Комора

Кога цената е пазарна, и тој што го произведува брашното, и пекарот и трговецот, сите во ланецот, нормално ќе се однесуваат. Дали е обврска на пекарот, млекарот или некој друг од прехранбената индустрија да се грижи за социјалниот статус на граѓаните? Ако сум јас пекар, дали е мое јас да се грижам за социјалниот статус? Дали јас функционирам во пазарна економија? Тоа е клучното прашање. Ако да, зошто тоа да биде само на тие што се во прехранбената индустрија?

Владата да престане со замрзнување на цените, бара и Комората на Северозападна Македонија. Ако сака да им помогне на  граѓаните, може да  ги намали даноците или да интервенира со стоковите резерви, велат тие.

Ние сме за помош за граѓаните, но тоа треба да се направи на друг начин.„Инсистираме да се престане со замрзнување на цените, туку да се најде нова алтернатива за тие цени. Односно, да се интервенира со државните резерви, да се намалат даноците, ДДВ“. Во спротивно, ќе добиеме неквалитетни производи на пазарот, изјави Менди Ќура, Комора на Северозападна Македонија

Поради високите сметки за струја, производителите бараа субвенционирана струја од државата а за возврат требаше да ги намалат цените. Евтина струја добија, , но 85%  од нив не ги поевтиниај производите. . Затоа владата одлучи да им ги укине субвенциите, и дел од производите да одат под мраз.