Бизнис
15. August 2022 - 16:35

Бизнисот бара соодветен даночен модел

Да – за даночни реформи кои ќе продуцираат поголем раст и ќе ја сузбијат сивата економија, Не за даноци со кои ќе се стимулира работата на црно. Владата ги почна консултациите со бизнис заедицата, кои јасно и дефинирале дека земјава не е спремна од 1 јануари да  стартува со предложените мерки. За бизнисот нелогично е да се воведуваат нови даноци кои уште повеќе ќе ги осиромашат граѓаните и стопанството и наместо да ја сузбијат – ќе ја потикнат работата на црно.

Аргументот на Владата за предложената реформа е да се зголеми опфатот на даночни обврзници за да се зголемат приходите во буџетот. Бизнисот сака сузбивање на работата на црно - и затоа предложиле законски измени – секој кој ќе работи нелегално да може да заработи и затворска казна.

Бизнисот е против двојното одданочување – односно плаќањето данок на заштедите, како и одданочувањето на реинвестираната добивка. Ако сакаат повеќе пари во буџетот – бараат и поголема одговорност – однсоно отчетност за секој потреошен денар од граѓаните.

Инаку од министерството за финанси велат дека консултациите со засегнатите ќе продлажат до средината на септември, а даночната реформа ќе стартува етапно - од следната па до 2025 та година.