Бизнис
9. November 2019 - 16:40

Бизнисмените тврдат дека немаат корист од досегашните регионални проекти

Заедничкиот царински премин меѓу Македонија и Србија  кој  почна со работа пред некоку месеци  не  ја олесни работата  на домашните превозници.  Иако требаше да го намали времето на чекање и да обезбеди побрз проток на стоки и услуг, извозцните велат и сега се сведоци на  подолги задржувања на камионите на терминалите.  Наместо да има една контрола како што е системот меѓу Косово и Албанија повторно има царинење на двете страни.

Проблем  има и при увоз од земјите од ЕУ. Поради долгите административни  процедури  и сложениот систем ,  тие не сакаат да продаваат овде.

Од царинската управа пак објаснуваат  дека гужвите се поради тоа што со воведувањето на заедничкиот царински премин наместо две, сега камионите можат да се престројуваат на една лента, затоа што за мерење на тежината на превозниците има само една вага на српска страна која е задолжителна за сите возила.

За проблемот веќе е известена српската страна  во функција да се стави и втората лента, за што сме известени дека многу бргу ќе се најде решение односно ќе се обезбеди уште една вага.  Од српска страна се очекува ова да се исполни до крајот на ововј месец.  А се работи и ина усогласување за взаемно признавање на фито и фветеринарните сертификати со што дополнително ќе с енамали времето на контрола, се вели во дописот од царината.

Во август годинава премиерот Заев и неговата колешка  Брнабиќ го означија стартот на официјалното работење на заедничките контроли на граничниот премин Табановце. Тогаш двајцата премиери посочија дека системот ќе помогне да се забрза протокот на стоки и патници.

Стопанственците се сложуваат со тоа дека земјите во регионот мора да научат да работата и сите нови  системи кои се воведуваат да дадат резултати, како што тоа го прават државите  во  Унијата и затоа одат напред. Очекуваат со воведувањето на Мал Шенген да се подобри трговијата  во соседството.