Македонија
6. April 2020 - 15:46

Битолска млекара со финансиска поддршка за Министерство за здравство за сервис на апаратите за респираторна нега

Битолска млекара обезбеди финансиска помош за ургентните потреби на Министерството за здравство, односно за сервис и репарација на апаратите за респираторна нега, што се потребни за Инфективната клиника во Скопје.

Според Ѓорги Петрушев, генерален директор на „Бимилк“, донацијата за Министерството за здравство е со цел обезбедување соодветна и функционална апаратура.

-Сите сме свесни дека во овој момент многу е тешко да се набават овие апарати за респираторна нега, па од голема важност е нивното одржување и добро функционирање, со цел да им помогнеме на оние на кои им е најтешко, изјави Петрушев.

„Бимилк“, со цел да го помогне функционирањето на државните институции, предвремено ја уплати вкупната аконтација на данок на добивка за тековната година во вредност од 15 милиони денари и додели повеќе донации во Битола, Дебар и Центар Жупа.