Loading Video...
Ракомет
26. October 2020 - 13:42

Битолчани отпатуваа за Данска на мегдан кај ГОГ Гудме

Ракометарите на Еурофарм Пелистер отпатуваа за Данска каде утре ќе го одиграат првиот натпревар во ЕХФ Европската Лига. 
 
Откако го прескокнаа дуелот од првото коло против Татабања, кој беше одложен поради позитивни играчи во унгарскиот тим, ракометарите на Еурофарм Пелистер утре ги очекува првиот меч во новоформираната ЕХФ Лига Европа. 
 
Натпреварот ГОГ Гудме - Еурофарм Пелистер ќе се игра утре со почеток од  18:45 часот,  и тоа со присуство на гледачи на трибините.