Македонија
29. July 2015 - 21:46

Битола повторно се соочува со проблеми со водата за пиење

Повисоките делови од Битола и делови од централното градско подрачје попладнево повторно се соочуваат со слаб притисок на водата за пиење, а во некои населби славините сосема пресушиле. Интервенциите на ЈП Стрежево кои траат неколку денови без прекин, се очекува да го стабилизираат снабдувањето со вода во Битола во текот на вечерните часови.

Битолскиот градоначалник, Владимир Талески, вели снабдувањето со вода на градот е приротитет број еден и очекува надлежните да го решат проблемот час поскоро.

Проблемот со вода за пиење во Битола настана откако главниот цевковод кој од Стрежево преку ЈП Водовод го снабдува градот, беше оштетен од свлечиште. За недостигот на вода први алармираа земјоделците од Пелагонија, кои сеуште немаат и неизвесно е кога ќе добијат вода за наводнување.