Македонија
6. April 2020 - 12:12

Бислимовски: Граѓаните кои немаат проблеми со примањата да ги плаќаат фактурите

За околу 11 милиони евра се намалени приходите од наплата на сметките за струја , откако се воведоа мерките за заштита од ширењето на вирусот, велат од регулаторната комисија.  Приходите од наплата за парно пак за неполн месец се паднати за 500 илјади евра.  А  сало оди наплатата и кај сметките за вода.  Од РКЕ велат дека пензионерите се најдисциплинирани. Апелираат до  сите  граѓани кои поради  пандемијата со вирусот немаат промени во примањата да ги платата сметките.

Од комисијата посочуваат дека  се во постојана комуникација со компаниите и се прави се во идина да нема проблеми во снабдувањето.

Од регулаторна посочуваат дека во следниот период нема да има исклучувања.  А се бараат и други начини како да се олесни плаќањето на фактуроте за сите оние гкои ќе имаат потешкотии.

Од комиисјата соопштија дека и пораментите сметки за парно  кои треба да се испорачаат по завршувањето на грејната сезона ќе бидат пониски за најмалку 20  отсто.