Бизнис
14. October 2019 - 16:44

Бирократијата и визниот режим проблем за странските инвеститори

Долгите бирократски процедури и добивање виза и понатаму остануваат главни пречки со кои се соочуваат странските инвеститори во Македонија.

Почесните конзули му испратија низа критики но и пофалби за Законот за финансиска поддршка на компаниитe, на вицепремиерот Анѓушев. Дел од нив се  однесуваа и на туризмот.

Од друга страна пак тие ги слушнаа и можностите и придобивките кои Македонија им ги нуди на странските компании. Таргет на владата, вели Анѓушев се компании со висок степен на технолошки развој и плати над просек.

Конференцијата со почесните конзули ќе трае и утре.

Целта е,  да се воспостави подобра комуникација и координација на Почесните конзули со институциите во Република Северна Македонија, како и да се запознаат со економските политики на земјата, особено во делот на зајакнување на економската и трговската соработка со странските држави.