Кошарка
22. March 2017 - 21:31

БИБЛ: Куманово минимално загуби од Пеќ

Кошаркарите на Куманово вечерва претрпеа пораз на првиот полуфинален натпревар од БИБЛ лигата. Кумановчани беа совладани од екипата на Пеќ на гости со 83:79 (20:14; 18:18; 19:22 и 26:25). Реванш дуелот се игра на 29.март во Куманово.
Во изедначен натпревар екипата на Пеќ во најголемиот дел од натпреварот имаше предност. Најефикасен кај победникот беше Роберт Абрамовиќ со 22 поена, додека кај Куманово најпрецизен беше Јонел Браун со 33 поени.
Во второто полуфинале одиграно вчера Берое со 78:69 победи на гости кај Теодо.